Затоа, таа вечер, притиснати од стравот, момите и невестите не отидоа, како дотогаш, придружувани од малите братчиња и сестрички, да наполнат вода од чешмите; се задоволија да се исплискаат со вода на бунарите, да си постојат таму, да се изразговараат и оттаму да донесат вода за домаќинствата, а редовниците уште со видело поставија за вечера.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Глеј, бре, тревата се раззелени, цвеќето расцути, лисјето треперат, ластовичките летаат, билбилот се растури од пеење, потоците се наполнија вода, пчелите се разиграа во устите на цвеќињата, ментата мириса, а ти само - другар политкомесар тој и тој рече вака и вака, кодошиш, плукаш, се фалиш лево и десно демек непријателот го уништивме, му убивме и му ранивме толку и толку, а наши како да нема...како, бре, нема?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Фимка воздивна и, станувајќи, рече: - Ќе одам до потокот да наполнам вода и да ги заперам пљачките.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Другпат Бонети пак ја начека кога таа излегуваше од дома со стомните да наполни вода на чешмата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
И кога невестата, по обичајот, тргна со стомните на чешмата на средсело да наполни вода, жена му на Китан фучеше со кошулата одејќи пред невестата, ја мавташе по сокаците за да ја видат сите селани и викаше: - Гледате ли... Гледате ли... Како јагне да е заклано...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Ако ги видел бардачињата со вода откриени, бидејќи се покриваа со некаква прекривка, ќе ги земел и ќе ја истурел водата од нив и бос во зима одел до чешмата, која мошне беше оддалечена од куќата, да наполни вода притоа минувајќи низ селото за да го видат селаните и викал на глас: „Еве, имам пет ќерки и снаа, а дома нема капка вода, па јас морам да одам да наполнам на чешмата“!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Трајче ја грабна матерката и отиде да наполни вода на горското изворче.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Го зеде српот в раце и, готов да се ведне, рече: - Жено, оди наполни вода на кладенчето, па после да седнеме...
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
А не се ѓибаме и на изворчето. Тие дошле да наполнат вода, а ние одиме да полниме. И ќе се начекаме, се гледаме напорки, ама не се ѓибаме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Саат на саат се чекаме, ко немтури, и првин тие ќе наполнат вода или ние ќе наполниме првин, ер како било, ама се чекаме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)