Неговата мисла крваво се превиткуваше низ него, барајќи некој сок, од кого ќе се напои и ќе престане да биде онака лепливо преклонета; ја среќаваше во себе како бара корито, по кое ќе потече, ги боледуваше сите нејзини болки.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Од неизвесности составен и од осама, Македониј ги изучувал градбата и поредокот на бестелесното и имал дарби да разговара само со она кое се случувало векови и векови потоа. MARAN ATA, кога извикал патријархот, Македониј си ги собрал солзите свои во крпчето свое и рекол: одново згрешивте - ме проколнавте, но ме возгордеавте и сега ќе ме замени следниот кога веќе никаде не е оној кого само вие го гледате насекаде. ***
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Да појдеш на извор
зад девет младости
и девет премрежја
да се напоиш и внесеш во него
бистер и озарен
да се вратиш при мене
и да ме гледаш
сѐ додека не протечеш дробно
по мојава планина
песу мој!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
На истото место кај што век и пол подоцна ја соѕидале Αγια Σοφιαζ лежи султанот Бајазит Втори кој загледан во летот на своите соколи подарени од Норвешка копнеел качен на бел коњ, украсен со златни узди и узенгии, да се види себеси како влегува во катедралата Св. Петар и како се упатува право кон олтарот во кој да го одмори својот бел коњ и тука да го напои и назоба...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Ги напоил и веднаш потоа едниот вол му пукнал. Другиот некако го спасиле.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)