напише (гл.) - голем (прид.)

Кога побегнав од неговото одајче и од очите на луѓето за да ја родам мојата Пела, му напишав големо писмо дека не можам да го чекам со мојот голем срам, да не се надева дека ќе ме најде кога ќе го ослободат, ама додека е там и плаќа за мене, јас нема да го заборавам, храна и пљачки ќе има еднаш во месецот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Уште оваа депеша па на Мајка ќе напишам големо писмо, најубаво писмо, писмо на животот, писмо-прошка за сите дотогаш непишани, задржани одговори во мене.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Роман кој супсумира животно искуство на лингвист, дипломат, писател и на дете.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Луан Старова напишал голем роман. Голем и според темата и според формата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)