напие (гл.) - од (предл.)

Кога си почина, се наведна, слатко се напи од водичката и ја избриша устата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Од новата фонтана пред градскиот парк бликна млаз свежа боза. Луѓе како луѓе, се собираа пред чудото. Некои дури и се напија од бозата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ако се напиеш од неа, ми велат, со лесно се раѓа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Трајче донесе вода. Огнен и Горјан слатко се напија од студената вода.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Се потпре на еден од стеблаците, позеде душа, се напи од матарката вода и тргна, но каде ни сам не знаеше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Од страв дека во својата жед по знаење, како изгубен патник во пустина, се затрчал кон некоја фатаморгана за да се напие од изворот што, всушност, не постоел.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
АРМАСНИЦИ
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)