Земи, земи напи се, та нека кршат глава сете тие неранимајковци.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сакав само да ве посоветувам. Напијте се еднаш.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
ДАРА: Ју, битанга ... Довеја ми ту неке пијандуре. (Покажуе на Пијаниот). Напили се као свиње, проклети ...
„Гладна кокошка просо сонуе“
од Блаже Конески
(1945)
Оставете ги тие муабети, земете, напите се додека е топла.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
МИТРЕ: (пие од пагурчето и му го подава, преку огништето, на Котета). Земи, Коте, напи се. Ние забораваме.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Повели, напи се да видиш каква е.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Ајде, напите се вие мажи уште по една, тааа... ние овде не можеме да ги ујдисаме работите.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
КЛАУС: Напијте се кафе со нас. Сварете кафе, господине Сивиќ.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
КАЈМАКАМОТ: Напијте се нешто на моја сметка и не влечете ме за јазик.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Влези бре, Ацо, не стои на врата. Слава ни е. Земи колаче. Напиј се нешто.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
А таму веќе пиеше вода еден стар човек. – Напијте се и вие водица и соберете си ја душата. Слободно. Без страв.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
– Mope, ако е за вода, ефенди, седнете, седнете, ене ја Попова Чешма, ладна е како мраз; ќе ви донесам една стомна, напијте се – одговори старецот и погледна со очите кон ниското куќаре, небаре бара стомна, да ги ислужи ефендиите, но војникот што зборуваше по каурски не дочека забитот да проговори, ниту му го преведе на турски одговорот и предлогот од старецот, ами сам му одговори: – Ефендијата сака вода од Бренското Чешмиче.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Јас читам гласно: Патнику жеден, богат или беден, оваа вода, чиста е, се пие, напиј се, на здравје нека ти е Мирчо од с. Брегово.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
„Седни крај мене, продолжи царот, напиј се малку чај.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
сите почнавме први, вели Силе Плевнеш и едната рака си ја потклава под главата, си прави визглавје, сака да спие, и така ќе се умира, вели, барем наспијан да умрам, далечен е патот до небото, треба одморена да ја пуштиш душата, а јас ништо не сакам, вели Стеван Докуз, само да се најадам, до гуша да се наѕидам и пак почнува да цимолка и да си ги голта солзите, искрен е Стеван Докуз и во плачењето и во јадењето, никогаш не му било доста јадењето, ламја е Стеван Докуз, машина, чапја, коза пропрсната, е што да правам кога мислата само на тоа ме тера, вели, ќе се сетам на шумата наша и пред секое заспивање си мислам колку би било добро и шумата да се јаде, да можеш ко коза да ѝ влезеш, од Зајгазица, или од Чучка, или од уште подолу, од Задмартинец и да фатиш да си кубиш, да си брстиш, со ред, стрижи, кастри, наполни го мевот, напиј се вода и легни си под некоја најширока бука што ќе те павка и ќе те брани од мувите и од сонцето, а кога ќе огладнеш пак стани, и пак брсти, стрижи, мели ко гасеница, 120
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)