Затоа, навикнувај однапред да се шегуваш со она, што за нашите предци било свето: ништо не е толку блескаво како млад човек кога се шегува со битните работи без да ги сфаќа; со сета плиткост на својот ум, тој тогаш е мил како пудлица што сака да го нападне коњаничкиот капетан и да го раскине на парчиња додека тој рамнодушно си го пуши лулето и не се интересира за нејзиниот гнев.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
2. Штом се подготвиш со овој прекрасен почеток, од кого следуваат сите други правила од кои човекот блеска во општеството, ти треба да отфрлиш некои предрасуди, кои некојпат му пречат на младиот човек да блеска со остроумност. 120 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)