нападне (гл.) - село (имн.)

На 23 септември 1902 година четници на врховистичкиот офицер Т. Саев убиле неколку спаии во с. Железница, Горноџумајско, со што бил предизвикан аскерот да го нападне селото и да се развие борба.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се исправи, ги извади очилата, ги забриша со шамивчето и почна да ги префрла нервозно од рака в рака, па почна сам да си зборува: — Бак, бак, бак, пис милет, бреј! Не сетит да гледат работата да живејит, туку матит вода во аван.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако се заврзе бој, камените гробови се нарачани за метеризи и заклон.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Откако се извести за се, па и дека куртули еден, ги развлече устите и процеди преку заби: — Нека остане некој за семе! — ја собра војската и замина за Дуње, наредувајќи му на коџабашијата да ги закопа отепаните комити „да не се свампират" и да го напаѓаат селото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе си дојдам утре сам.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Според него ќе треба да се нападне селото преку ноќ.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ќе ваќаме со гола рака змиа, нема чаре! — рече Гуцето и ги поведе своите градевци кон витолишките гробишта, откаде требаше да го нападнат селото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)