4. Ако доброто почна да бега и од него зашто тогаш не му рекоа обвинет си дека си луд, смртна опасност си за луѓето, дојди на испитување, болницата се наоѓа таму и таму, бројот на телефонот е во телефонскиот именик, туку дојдоа како ураган, обајцата - горила со ниски, безгрижни чела и зелени подочни кеси, обајцата колку тројца како што беше тој, набрекнати, сити рамнодушни за сѐ, дури и за себе, ни толку умни за да бидат некогаш луди.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Виртуелниот простор за полимедискиот уметник и теоретичар Peter Weibl е паралелен простор што не се вклопува во одредбите на њутновата okno.mk | Margina #15-16 [1995] 33 физика, простор кој овозможува симулација на објектите-слики, поточно како-божем- предмети и покрај редот на реалното; виртуелната топка може сосема лесно да се наоѓа таму каде што веќе има некој друг предмет.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Тој е тука за сите, секогаш се наоѓа таму каде што е потребен.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Тоа е мојата гаранција дека ти никогаш не ќе смееш да постигнеш на мене, та дури ни во вид на еден од оние твои фамозни куршуми што се наоѓаат таму каде што не им е местото.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Беше зборот секоја вечер да се наоѓаме таму.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ана беше непредвидлива, седеше токму на седиштето крај прозорецот, таа веќе се наоѓаше таму кога јас влегов на станицата Етјен Марсел па кога некој Црнец ослободи едно седиште напред за кое како никој да не беше заинтересиран, па кога јас успеав да се провлечам со некој неодреден изговор меѓу колената на двајца патници што седеа на седиштата покрај ходникот, останав покрај Ана и, речиси едновремено, бидејќи влегов во метрото токму уште еднаш да ја одиграм играта, го побарав профилот на Маргарита во одблесокот на прозорското стакло, и помислив дека е убава, дека ми се допаѓа нејзината црна коса со како птичје крило што накосо ѝ паѓаше преку челото.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Всушност тој глас на проклетото суштество или шпионче, кое дебне од длабоката скривница изградена во мојата утроба (во секој случај таа скривница се наоѓа таму негде, добро камуфлирана и непристапна поради недоодната мрежа од коридори) најбезобѕирно ме исмејуваше.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но најнепријатно беше сепак сознанието дека не само шпиончето туку и мене ме измачува слично сомнение, а тоа значи дека во горчливите прекори на оној пакосен глас има и премногу мои зборови!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)