За разлика од него, службеничката зад шалтерот 11 воопшто не брза, примајќи ги парите и делејќи ги билетите без интерес, зјапнати во далечината, што според нејзината пресметка се наоѓа некаде меѓу двете тавански светилки.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Но тоа стојалиште, по сè изгледа, се наоѓа некаде над или под разбирањето на префектот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тогаш, како ученик во шесто и седмо одделение во основното училиште „Владимир Илич Ленин“, се дружев со споменатиот Мики и уште двајца школски другари, Зоки и Тоше, со кои, речиси секое попладне во Центарот, меѓу и во зградите, си игравме „Илјадници“.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Неговата ќелија може да се наоѓа некаде во срцето на зградата, или на некој од надворешните ѕидови; може да е десет ката под земја, или триесет ката над земјата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Се наоѓаше некаде во квартот со потемнети ќумези, северно и источно од она што некогаш беше подземната станица Свети Панкрас.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)