Не знам дали е в ред да се прекорувам себеси дека моите последни навраќања во Книгоиздателството што се наоѓаше веднаш зад Камениот мост биле поттикнувани и од љубопитството да се осветли уште некоја дребулија од минатото на човекот што ја беше отфрлил мантијата?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Темната комора се наоѓаше веднаш покрај купатилото кое сите го користевме - тие две простории дури беа и поврзани со обоен прозорец и, од внатре, можеше да се слушне како Били се поместува внатре.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
„Ју ноу“, рече, „Виндзор е мал, но многу среден град, со многу цвеќиња, и се наоѓа веднаш преку границата со Америка, спроти Нијагариан вотерфолс“.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Се пожали газдата се слушале викотници, се пуштала гласна музика, а во нивниот стан кој се наоѓаше веднаш под нашиот, сѐ убаво се слушаше.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Знам само дека потоа светлината се прели, баш така, се прели како вода низ мојата работна маса што се наоѓа веднаш до прозорецот и дека врз целата горна површина на масата се распосла мек, шарен, светликав и многу тенок килим.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)