наоѓа (гл.) - разен (прид.)

Распрашуам — распрашуам по приатели, по роднини, никој салам нема да ми каже.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Носат повеќе јадење отколку што требе, си наоѓаат разни мани само да не се в село; криат по јамите алишча, благота.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На крајот Влатко даде интересна информација: „Нашите другарчиња од Основното Училиште „Владо Тасевски“ се најдоа на страницата „Колибри“ во рубриката Учениците и екологијата, ќе ви прочитам еден дел од статијата: - Секоја сабота, ама буквално секоја, по околу триесетина ученици, пред сè осмооделенци, раководени од нивниот наставник по географија Ѓорѓиевски, одат организирано на Водно и уживаат во убавата природа. таму наоѓаат разни тревки, интересни растенија и шумски плодови.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Вистина, и самиот при пасењето на козите, наоѓал разни материјални остатоци, но кој да помисли и да поверува дека токму тие биле најстарите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)