наоѓа (гл.) - негов (прид.)

Пациентите на лекарот мораа да се стуткаат додека минуваа низ тесниот премин кон аголот каде што се наоѓаше неговата маса, а до неа и сплесканата софа за преглед прекриена со кожа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Затоа следниот ден излезе пак да го чека истоименикот, но сега не седна на талпата пред продавницата туку на еден камен веднаш зад аголот пред уличката во којашто се наоѓаше неговата куќа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Го трие по косата, пената му се спушта по лицето и го чеша, тој сепак гледа во нејзините мрзливи, сочни усни како му се наближуваат, за да бидат заменети со влажните кадри, со кои се поигрува, наизменично издвојувајќи ги, наизменично привлекувајќи ја целата глава.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Не го положува приемниот испит во Ecole des Beaux-Arts (школа за убава уметност) и се враќа во Руен (каде се наоѓаат неговите родители и трите сестри).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Овие игри му причинуваат многу поголемо задоволство отколку часовите во приватната академија Јулијан.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Помислува тогаш дека е многу лесно некој друг што во својот џеб го наоѓа неговиот телефонски број, да го има истиот проблем.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во подножјето почнуваше рамницата што во продолжение на езерото навлегуваше нагоре чиниш длабоко под планината и натаму до оној издолжен рид што ја прекинува и зад кој се наоѓа неговата Брезница.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)