наоѓа (гл.) - помеѓу (предл.)

А од десното наше крило веќе ми го нема митралезот, не го слушам. „Крило е дел од фронтот на борбениот ред од единицата што се наоѓа помеѓу крајната точка на фронтот и центарот на фронтот.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Имплицирачките текстови во естетска смисла се наоѓаат помеѓу претходните одредувања, но во прв план ги ставаат “идеолошките”премиси насочени кон формирање на контекст во кој се разгледува одредената проблематика.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Токму затоа, со право можеме да заклучиме дека правата на работниците се наоѓаат помеѓу чеканот и наковалната, постојано на удар од ниските плати кои не секогаш ги добиваат, прекувремената (неплатена) работа, небезбедните работни места, прекарната работа, замолчените синдикати и слепите институции, а законите кои треба да се подлогата на која тие стојат и која треба да го спречи ваквиот удар, воопшто не го прави тоа, туку напротив со многубројните измени на легислативата само го олеснува понатамошното обезвреднување на трудот на работникот, кој се претвори во обично средство во работниот процес.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Оваа одломка се наоѓа помеѓу два наводи преземени од Борхес, кои се дадени - helas - во француски превод, и чиишто извор не е наведен.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Првиот навод од Борхес гласи: “Општата историја продолжи да се одвива, и премногу човечките богови обелоденети од Ксенофан беа уназадени во ликови од поетската литература, или во демони - иако е соопштено дека еден од нив, Хермес Трисмегист, изговорил во перо променлив број книги (42 според Клемент Александриски; 20.000 според Хамбликус; 36.525 според свештениците на Тот - кој исто така е Хермес) на чии страници биле запишани сите нешта.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Можев да ги видам помамувачките ливчиња на семејното стебло, од макроскопската материја па сѐ до квантниот вакуум, пресметувајќи точно што се наоѓа помеѓу тие две сфери на време.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)