наоѓа (гл.) - некој (зам.)

Ако песочната купа е рамна - тоа е состојба на подкритичност - зрнцата што паѓаат брзо наоѓаат некоја стабилна положба а доколку воопшто создадат некоја лавина таа ќе биде мала.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сега таа помагаше во домовите во кои живееја жените избркани од своите сопрузи и во домовите за деца без родители.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
небото над Македонија наеднаш стана матно и исчадено како чаден свински бут а кајшто небото е матно и работите се матни и луѓето стануваат матни: под матно небо тешко се наоѓа некој за асолни нови планови.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Сѐ поретко ја гледав Клара. Таа повеќе не доаѓаше во болницата, ретко ја посетуваше Сара, кога доаѓаше кај мене мајка ми секогаш наоѓаше некој неубав збор за неа, и таа не се чувствуваше добредојдена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)