наметнува (гл.) - свој (прид.)

(...) Под закрилата на филозофијата на деколонизацијата, поимот на културата кој беше заштитен знак на империјалистичкиот Запад се сврте против самиот Запад и јасно ги именува општествата на кои овој им го наметнуваше своето старателство.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој е јунак, а јунаците се на почит, станува шеф на каушот и наметнува свои закони и ред.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Беше служба која ја наметнуваше својата професионална супериорност, пред прагматичните интереси на политиката, заснована често врз правото на поголемата нација.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И победничките империи го наметнуваа својот поредок.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Меѓутоа желбите и односот кон објектот го наметнуваат својот ритам, кој сигурно не е ритам на соматската сексуалност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)