- А зар не сме, -рече дедо попот и притоа срната потскокна од местото и пак почна да нѐ наманува нас децата заигрувајќи нѐ уште поживо, па ние почнавме да се потиме, ама не престанавме да ја играме играта што ни ја наметнуваше таа.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)