Дополнително беа утврдени и обврските на помирувачот во процесот на колективното договарање кој: (1) учествува во сите фази на колективното договарање; (2) им укажува на страните на предлозите кои не се во согласност со закон и другите прописи; (3) им дава стручна и друга помош 94 Со овој нов термин дојде до преименување на дотогашниот „Именик“ со кој стручното лице се стекнуваше со својство на помирувач, односно арбитер по неговиот упис во истиот. 103 на страните и (4) им помага на страните да постигнат спогодба, без право да наметне решение (чл. 17 од ЗИДЗМРРС/14).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Во насока на континуираната тенденција на законодавецот во секој поглед да го ограничи уставното право на штрајк на работниците е промената кој предвидува дека во случај на штрајк во дејностите од општ интерес, за времетраењето на постапката за мирно решавање на спорот, штрајкот се става во мирување (чл. 21 и 22 од ЗИДЗМРРС/14); в) кај органот надлежен за помирување дојде до промена кај Одборот за помирување кој по ново го сочинуваат само страните во спорот, додека пак помирувачот учествува во постапката, но сега без право на одлучување (чл. 23 од ЗИДЗМРРС/14); г) во постапката за помирување дојде до укинување на правото на помирувачот, заедно со членовите на Одборот, да донесе препорака за начинот на решавање на спорот по заклучувањето на расправата, кое сега е ексклузивно право на двете спротиставени страни во колективниот спор, додека пак улогата на помирувачот се сведе само на помагање на страните да дојдат до заеднички прифатлива спогодба без да наметнува решенија за спорот (чл. 24 од ЗИДЗМРРС/14).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)