намачка (гл.) - со (предл.)

На плоштадот на револуцијата во Москва гладта доаѓа катаден кога е ручек време доаѓа како на волшебно килимче на лепче намачкано со маст и црвен пипер доаѓа и се клешти како гласник на светските промени се клешти и како седмоглав аждер го задева Свети Ѓорѓија.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Разлутен еднаш ја донесол назад кај нејзините во чергата и заповедал да ја истрижат; нејзината коса ја фрлиле во вирот, а потоа и неа, и Шава, ја фрлиле во вирот, намачкана со смола и со катран и запалена.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таа бавно се придигна, преправајќи се дека е болна, се довлечка до креденецот, отсече парче леб, го намачка со мармалад и му го подаде на Мирка.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Порано се бричеше на неколку дена, потпирајќи го огледалото на ѕидот од бараката во дворот за да му гледа подобро или одеше во берберницата за да ги почувствува барем еднаш неделно нежните прсти на фризерката која го бричеше жулкајќи го по лицето за да провери каде треба уште да помине со бричот или по бричењето да го намачка со мирис и помада.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Едниот примерок од документот од задната страна го намачкав со лепило и го положив на сандакот за муниција што стоеше меѓу нас.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тој прво сакаше да ја намачка со сало, ама долу во Небиње, каде што беше кулата на бегот, имаше еден поган заптија по име Тефик.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
„Ќе ти покажам...“ и татко му секогаш му велеше кога го прашуваше како да ја состави козината или како да ја намачка со восок, па ставајќи ги своите корави преку неговите помали, детски раце, му ги водеше преку движењата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Потоа стави во него малку ракија од буренцето во аголот и, седејќи крај огништето, се соблече до половина и колку што можеше побрзо, и колку што можеше поубаво се намачка со ракијата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Од една кошница таа вадеше парчиња леб намачкани со маст, нане и црвен пипер и им ги подаваше на децата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Мајка ми свари јајца, две парчиња леб ми намачка со маргарин, меѓу нив парче сирење, еден домат и сето тоа ми го завитка во бела крпа.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Му го собу чорапот, му ја изми раната, ја намачка со јод, ја преврза со завој и му го обу опинокот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)