И сега, на овие верници во два бога, во идеолошкиот и во религискиот, требаше да им го наложи својот авторитет.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Ниеден од завојувачите не можел да му ја наложи својата трајна доминација.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Продолжуваше, осуден на повеќеслоен егзил, да се провлекува по маргините помеѓу двата света, успевајќи длабоко да проникне и во едниот и во другиот, но без да го наложи својот авторитет за тие, докрај, да се дообјаснат и да се дооткријат меѓу себе.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Умеел Татко да извлече енергија од источните времиња, да си наложи свој ритам во животот, наспроти мојата европска забрзаност, наспроти мојот ритам кој тешко се усогласуваше со Татковиот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
За таа цел, за да ја наложат својата волја, грчките попишта прибегнуваат кон разноразни лукавства и насилства.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
По освојувањето на Македонија од страна на Османлиите, Исламот станал дел од македонската стварност.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Ограничена активност, по Берлинскиот конгрес, пројавила и протестантската црква која успела да го наложи своето влијание само во источниот дел на Македонија (Разлог, Неврокоп, Банско).
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во разните спорови што се воделе во врска со ослободителната борба тој успеал да го наложи своето мислење и став.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Но во поимот матанѕа, кој го изразуваше колективниот транс на педесетината рибари, кои ги убиваа намамените туни во нивниот миграционен циклус, при минувањето крај тунискиот брег, по атланската и медитеранската одисеја, на пат кон Сиритскиот залив на либискиот брег, за да го означат процесот на обновата во природата, се криеше инстинктивната понесеност на човекот да владее над природата, да ја наложува својата лажна супериорност.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Немаше никаква врска меѓу овој поим од италјанско-шпанска провиниенција и политичките настани кои се случуваа во тие денови во Тунис по конечниот пад на бургибизмот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Беше навистина упорен кога сакаше да ја наложи својата вистина.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Како да се именува тоа што уште од почетокот на романот го наложува своето присуство?
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Кога оцени дека е тишината погодна да го наложи својот авторитетен глас, секретарот, Трим Тоска, Албанец, познат првоборец од овој крај, стана и ги претстави присутните со избрани зборови, најпрвин претставникот на централниот комитет на Партијата, потем претставниците на Министерството за градежништво и урбанизам, па локалните функционери, како и биологот Цветан Горски, Јагулче Дримски очекуваше да го слушне и своето име. Ама, ништо!
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
А Америка му се нудеше како конечен хоризонт во кој можеше да ја наложи својата семејна судбина.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)