надополни (гл.) - со (предл.)

Овој спектакал особено се надополнува со помпезниот изглед на нивните униформи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Очигледно недостигот на храброста, Ѓорѓе го надополнил со неколкуте пообемни чашки алкохол.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Описот на секојдневното однесување на нашиот херој ќе го надополниме со една специфичност која веројатно на многумина не им паднала в очи или ја избегнала нивната љубопитност: од вратот па угоре за Поетот (или во негово име) владее посебната поетска висока сфера, таканаречениот простор на имагинацијата и на ослободените намери од секаков вид туторства.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Минувајќи низ тој критериум она што некогаш се слушало, што се разбирало и сознавало, останало во сеќавањата и како готов јазичен материјал но, како што бидува со сите спомени од детството, станало амалгам, надополнет со сетнешни искуства, со нови сознанија и виѓавања.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)