„Добро”, изустува со доблесна драматика д-р Максимилијан Мертен на новата средба, два дена подоцна, „конечниот износ е три и пол милијарди драхми!“
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ова замаглување на разликата помеѓу јавната и приватната област води кон структурна трансформација на јавната сфера од простор за рационална дискусија, дебата и консензус, во подрачје на масовна потрошувачка и администрација од страна на државата и на корпорациите.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Навистина има шармантно лице овој Левантинец од германски род, си помислува Мертен и станува да ги остави домаќините да го издискутираат неговиот смел предлог. На средбата наредниот ден му приговараат дека сумата ги надминува економските можности на еврејското население. Доктор Максимилијан Мертен дава впечаток дека длабоко размислива, создавајаќи замолк кој трае толку долго што стежнува во просторијата.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во ерата на државниот капитализам (или „организиран“ капитализам, според терминот на Франкфуртската школа), во обидот да се надмине економската криза државата станува едно со економијата, преземајќи ја главната улога во управувањето со економскиот живот.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)