награди (гл.) - со (предл.)

Ќе му направи на кадијата услуга за која, ете, тој уште несвршена работа, богато ја награди со цело ќесе пари.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кога дрвото покрај кое случајно минувате со задоволство ја претрпува болката од впишувањето на две имиња врз неговата кора со нож; кога истовремената појава на дожд од небото и солзи на вашето лице не може да се нарече случајност; кога светулка се дави во вирче, прета со наводенети крилца борејќи се за живот и притоа не заборава да ве награди со светлина; кога не знаете зошто одот одеднаш ви станува куц; кога не сте пијани, а од некои темни агли на едвај осветлената улица слушате тивко завивање и цивкање на куче; кога не знаете како сте станале дел од таква ноќ... сѐ што ви преостанува е да се гризете од бол и зачуденост.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Во Париз, на пример, се смета навредливо и многу просто ако загледаш некоја жена или ѝ дофрлиш некакви непријатни зборови, но на секоја од нив можеш да ѝ се приближиш ако носи со себе кученце и ако тоа го држи в рацете - можеш да го помилуваш, а пак дамата за ваквиот гест ќе те награди со насмевка...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Ништо не може да биде прескапо за мојата внука. Убавината мора да биде наградена со убавина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А власта или другарот Јаким ја наградил со белезицата? ).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Значи, имаш идеја! – Се израдува Добре, најдобриот човек на светот, и го прегрна својот гостин – Кажи ми ја прекрасната идеја, па да те наградам со триста награди!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)