Тие создаваа и живееја, како што нагласуваа во повеќе пригоди, за подобрата иднина на нивните потомци.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Неговата диплома, како во невозможна дипломатска мисија во татковината на животот, го спасуваше животот на семејството во балканската егзилска одисеја, без никогаш да ја открие својата Итака И конечно во стратегијата на спасувањето на своите деца и семејството во егзилската емиграција, покрај неговото речиси фанатично молчење за своето минато, кое според некои негови претпоставки можеше да биде опасно за неговите пет синови и едната ќерка, тој внимаваше тие да се определуваат за училишта и факултети кои го заобиколуваат затворот, како што нагласуваше во ретки прилики.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И обајцата веруваа и сонуваа дека ќе ги обединат источните и западните идеи со помош на ретките книги од нивните обединети митски библиотеки.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)