— Ќе ги најдеме и ние нели ги најде Бахтијар, — му проговори Иге на Ѓорчета: — Тие што ќе останат живи знаат дека овдека поминаа потерите и ќе ја прејдат Црна ноќеска, ќе не побараат нас.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Сигурно ги нагази негде Бахтијар по Ниџе, Крвавица и Добро Поле — се приближи поп Пано до вистината.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Идат луѓе: пет шест десетина, фаќаат Турци прочуени со нивните зулуми, земаат пари ако имаат, и ги изведуваат и колат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Гласот дека Толета пушка не го дупи, уште повеќе страв му влеа на сите Турци, a особено на чифлигарите, што секоја вечер се тресеа да не ги нагази негде Толе, та се прибираа уште со видело и се затвараа во кулите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)