Ги најдоа и касапските ченгили на кои Колобан ги обесуваше закланите мрши за да го покажува убавото телешко и јагнешко месо и првин му го навреа едниот ченгил на поп Димитрија за жилата над петици и го оставија да виси со надолу глава обесен за едната нога; другиот му го закачија на Мисирлијата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На јаболкницата пред самиот влашки ан веќе наврзаа ортоми.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Еве, Мисирли, што помага ти толку години на падишахот; не бесиме тебе со удолу глава — и му ги закачија војниците обете куки од ченгилот на двете раце на жилата во киската.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Им се видоа малку гранките од ова пустиња, наврзаа ортоми и на гредите од самиот ан.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)