Малку ли сме робуале на Адема, па сега ќе не продава како добици и на нашите да не вјаваат? — стана од столчето на кое седеше и се исправи пред татка си со запалени образи од бујната крв што му навре во лицето.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Трајко побледе. Крвта му навре во мозокот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Кога врвеа по улицата од Бит Пазар до Чаир, притисната од двете страни со ниски куќарки што одвај ѕиркаа врз ѕиданите огради, полна со деца и жени повеќето наврени во шалвари и понекоја со црн зар преку лицето, сурати што не наликуваа на Македонците, Пелагија зажала што Мурџо не е со нив.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Смрт или слобода, Толе. Тоа се бара од нас, — и почна да го удира по големите плеќи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Солзи му навреа во очите и почна да го бакнува.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сотирчо, штотуку допаткал околу петтата, наврен во зелена фанелка и басмени пантолонки, туку се тегни лево десно и подвикнува Бате, ене вреќа! Бате, ене вреќа!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Силна жал му навре во срцето.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)