Некои од нас сонуваат
необични животни
со гриви возвратени околу вратот
со набрекнати и за кас спремни бедра
како млади гиздави девојчиња
со копита за долги копкања
суштества што ’ржат и се пенат
од милост што се топат
суштества на јаве невидени
невјавнати, на лов неоднесени
би рекол и незауздани, неоседлани
неразждребени
а не знам од каде ми навираат зборовиве
непознати како животните
и бистрооки.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Наоѓајќи се очи в очи со смртта, му навираат зборовите од дедо му Аврам: „Животот е ткаење килим” врвиш со сновалката низ него, редиш јаток по јаток, конец по конец, јазол по јазол, шарка по шарка и не му го гледаш лицето зашто го ткаеш од опачина...
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)