Во полумрачната централна просторија на Атеистичкиот музеј со тажните статуи и сакралните реликвии извлечени од вековните лежишта на храмовите, задржувани во сеќавањето на верниците со генерации, по громкиот, агресивен, навиен говор на К.К. на сите ни беше мачно, премачно во душите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)