Се наведнувам да нацрпам вода, да се напијам, ама штом ќе се наведнам, водата секнува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Моливот ѝ падна од раката еднаш, и падна двапати, но кога се наведнуваше да го земе, целата беше завртена со тилот кон Крстета.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се наведнувам да придржам едно дете што мајка му го напуштила поради повикот на мечот, а тоа ми објаснува: - Не разбираш ти, - ми вели. - Што не разбирам?
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
- Откако умре мајка, вие сте први гости во куќава, вели Левтерија, и го врти чепот, ама не може да го одврти. Јас го оставам фенерот на земја, се наведнувам да ѝ помогнам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Ти си многу горе, ми вели Јон, или јас сум многу долу, ми вели, дури го молам, дури се наведнувам да го кренам, вели Мисајле Ковачот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Гледам во рацете нивни и мислам дека тоа и дрвјата од околу се наведнуваат да им дрпнат од месото.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Дуко се наведнува да ја крене цигарата, а ние излегуваме од тремот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)