наведне (гл.) - се (зам.)

Мрдни се или наведни се да погледнам и на таа страна.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И така, перам: наведни се, исправи се. Јас чукам на каменот, а милото чука во мене. Клоца, ме жегнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Можеш ти и подобро. Наведни се повеќе. Не се трудиш доволно. Пониско. Така е веќе добро, другар.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Така удираме: наведни се, исправи се, а нивата само си се зголемува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Наведни се, не можам да те досегнам. - Јас не сум многу висок, туку ти си многу низок.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Старичката погледна наоколу и кога виде дека никој не ја гледа, прошепоти: - Дојди, дојди, наведни се, баба да ти кажи...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Отвори го, велам, а тој навистина го отвори. А сега наведни се нанадвор!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)