Фантомот на Слободата и Шарло Акробата наместо гусларите што “стругаат”. Малку екстернализиран циркус во овој интеррегнум пред да ве набијат во новата идеолошка шатра комплет со сите церемонијал-мајстори што така жестоко се лактаат деновиве. Маргина. Пандалф Вулкански
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
- Ако го надбори, во единаесеттата, Арапинот со бузи натекнати од насилство, ќе го предизвика на мегдан со буздовани: - ако го набие во почва, ќе го сочека, како петнаесетгодишник, аждерот со три глави - ако го обезглави, Мајката, со први бели во косата, му ја полни торбата со пита, јаболка, колачи со вишни што толку ги сака.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Уште раното Јован почна да копа. Првин ги истрга оние неколку сиви камени плочи кои беа речиси набиени во земјата, ништо посебно повисочко, исплетени со корења од трева и капини.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Најнапред накосо преку Жепа набија во земјата тешки борови греди и меѓу нив два реда колци, ги преплеткаа со праќе и ги натапкаа со иловица, како шанец.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
А кога изутрината се раздени, водата веќе беше стивнала ама плотот беше испотурнат, колците откорнати, гредите искривени.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)