Ја мрдам и не ме боли... - со очи покажа на ногата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Лежеше со набрекнати жили и беше нем; усните безгласно му мрдаа и натекуваа како под нив да играа глувчиња.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Гранките од буките мрдаат и лисјето се превејува, се претерува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Само некои глави мрдаат и само по зборот ги познаваш.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ко чешма блика крв од под раката на Лазора Ночески. А тој ја мрда дршката од ножот, налево и надесно ја мрда и ножот само влегува подлабоко.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)