Ние не смееме да заборавиме дека нашите глави и понатаму ќе му требаат на овој народ и мораме некако да ги спасуваме.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се позамисли малку, стана со манлихерата в раце и луто, сиот возбуден викна: — Јас, господа војводи, не се покорувам веќе на вашите наредби и од денеска не идам со вас да ја спасувам мојава глава. Не ја напуштам родната земја дури главава стои на рамената.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Добро, си велам, било како било, сега морам некако да доумрам. Здодевно ми е од умирање.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Мораш некако да го темниш, да го дениш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ама, мораш некако да се подотераш, да си ги освежиш запоставените образи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
БОРИС: Зошто? МАТЕЈ: Морав некако да го доведам. Ти побара. БОРИС: Јас не мислев сериозно.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
По последниот разговор, во собата одново завладеа непријатната тишина, но овојпат морав некако да ја нарушам поради тоа што ако ништо друго, ќе одекнеше уште посилно бунењето на моите црева, па се поднасмеав и истакнав дека навистина тетка Олга е најчистата жена што ја познавам и дека заслужува сигурно и оваа година да победи, а и дека оваа супа што ја гледам пред мене е веројатно највкусната супа на светот и свечено ја наполнив лажицата, ставајќи огромно парче бело месо во устата потопено во ориз и во солена вода.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Па и да бев говедо затоа што ѝ ја затнав шолјата, зар сум дебел?
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
„Морам некако да те ликвидирам, за да можам да живеам самиот, ако снимката можеме да ја наречеме живот.“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
И стомната кркори, се празни. Мораш некако да се гаснеш. И тураш.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)