мора (гл.) - еднаш (прил.)

Колку беше виновен татко ти што не ја трубеше оваа вистина на сет глас и во вистинско време?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Колку такви тешки, непријатни злосторства ќе се затскријат негде, ги нема, ги нема, а потоа, наеднаш ќе се појават како од зад планина.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
XI. Но сепак, и покрај сите бладања, оној ритам на бавното минување на времето мораше еднаш да го насочи и неговото траење во вистинската насока и постојано да ги стивнува неговите побуни.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Гледаш оти вистината мораше еднаш да пукне и да прошета пред нас, и тоа без насмевка на лицето!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Заминување -пасија- Веќе немаат број деновите: веќе со години се мислам дека морам еднаш одовде да одам и принудена, „за последен пат да ја поздравам Александрија која се губи“.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Таа пак, ах, ќе морам еднаш со неа поподробно да ве запознаам, - таа имаше свој метод на казнување, совршено подруг од оној на татенцето, но по суровост беа мошне блиски.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И ти знам исто се чувствуваш.. правиш сѐ за да не се случи она што мора еднаш.. зошто човек може да побегне од сѐ .. но никогаш од себеси...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)