мора (гл.) - добро (прил.)

Луд, лут, лесен, сите зборови за кои мораше добро да си го намести јазикот за од устата да му излезе македонското л, а не она неговото, мекото.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А кај нив човек не мора добро да се загледа, направо сѐ се гледа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сето тоа лошо се одразува на иднината на Македонија, на духовниот пат на развој мора да посееме добро семе, оти: кој денес ќе посее оган, утре ќе пожнее крвава бура Сега доаѓам до еден мал одговор на сите овие прашања: Мора добро да се изостри погледот- до таа мера што ќе има моќност или моќ за опсервација, веднаш да ги види сите добри или лоши нешта, и моќ притоа да ги одвои едното од другото.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Морам добро да се изнасмеам, инаку ќе умрам.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)