мора (гл.) - веќе (прил.)

Нивните гласови со своите високи тонови се извишуваа до неразбирливост, чајникот на печката пиштеше, шолјите и лажичките ѕвечкаа; разбуден од својата дремка на отоманот, огромниот мачор Фјодор ја крена главата и почна да мјаука. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 138 - Јас морам веќе да се вратам, рече Емилија.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Општествените дејства на машката геј-култура, конкретно на нејзините иницијациски практики, ќе морале да надоместуваат за таинствените, елитистички одлики на оперската форма кои, во спротивно, ќе ја ограничеле способноста за нејзино доживување само во кругот на културно софистицираните.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Вистина е, за да ја сфатите алузијата, треба да имате многу повластено потекло или да сте растеле во италијанско или во уметничко домаќинство, каде што сте слушале опера или сте оделе на опера – или треба да сте поминале низ воведување во машка геј-култура која, иако можеби си се претставува како аристократија на вкусот и иако можеби си се идентификува со некаква општествена елита, со луѓе што одат на опера, сепак, во смисла на своите припадници не е баш ограничена на припадници на повисоките класи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Со други зборови, членарината за користење на мојана сала беше скапа, но не беше толку скапа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За да можеше таа алузија на Аида да им значи нешто на своите читатели, во тој свој општествен контекст, многумина припадници на локалната геј-заедница ќе морале да се имале здобиено со значителна претходна културна наобразба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Членовите на мојана тогашна вежбалница не може, сѐ на сѐ, да се опишат како крајно култивиран свет – како луѓе од кои нужно би се очекувало да ги знаат уметностите воопшто, а поконкретно класичната музика, а камоли да ги знаат изворно на италијански сите либрета на Вердиевите опери.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сите читатели на плакатчето ќе морале веќе да биле запознаени, несомнено еден по еден, со одредени аспекти на великата опера, ним веќе морало да им биле објаснети значењата на одделни зборови и ќе морале да биле воведени во еден посебен универзум на чувствување поврзан со еден особен начин на кој ја живееле својата хомосексуалност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На едно такво воведување во машката геј-култура ќе морале веќе да биле подложени не само лицето кое го напишало известувањено што си го најдов во шкафчено туку и оние што, како мене, си ги отвораа шкафчињата и го читаа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не беше како некои стари даски по други лулашки: оваа беше заоблена на страните, нова и чиста.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не морав веќе да се кријам, па се приближив и видов дека даската е светлокафеава, мазна и светкава, како премачкана со лак.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не мораме веќе да се лулкаме очекувајќи ја појавата на еден уметник кој ќе ги задоволи сите наши естетски потреби.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)