мора (гл.) - со (предл.)

Кога ќе мораше со родителите да појде на задушница или на некој закоп - гледаше што побргу да излезе од гробиштата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
БОРИС: Ќе морам со хипноза. СОЊА: Каква хипноза? БОРИС: Имав цимер, хипнотизер. Ме подучуваше СОЊА: Поарно нешто посигурно.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
- Веројатно. Монографија од четиресеттина странички, мора со нешто да се наполни.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
По десетина минути жестоко мавање ја спушти секирата, седна врз дабовиот трупец, од кој одвај успеа да откорне две, три поголеми иверки, па тешко дишејќи, ја погали рапавата кора на Јурукот, шепотејќи: - Прости ми, Јурук, морав со некого да се мавам!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Морам со некој да се дружам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мораш со отворени очи да спиеш: и сонот и јавето да си ги гледаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие ги беа задржале примитивните чувства што тој самиот мораше со свесен напор повторно да ги учи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)