Ете тогаш, кога жителите на Потковица и на околните села ја нападнаа железничката станица, беше нашле една фотографија од Тањушка, во позлатена рамка, и дали од простотилак или од пакост и на подбишега, зашто го мразеа татко ѝ, за божем дека бил посрбен, ја прогласија девојката за светица и со нејзината фотографија напред носеа покрсти - одеа низ полето и молеа бога да падне дожд, за да ги наквасел полињата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Се печеа на сонцето во жешко време, се пикаа еден во друг кога ќе застудеше навечер, се покриваа со ќебиња и мутафи кога ќе заврнеше дожд и стануваа жива вода; кога ќе заплускаа громови крај нив, се крстеа и го молеа бога да ги одминат; дење ловеа риби, ги следеа со очи облаците кои се згуснуваа и разретчуваа, го гледаа нивното престорување во некакви чудовишта и нагаѓаа ќе има ли дожд или не; го гледаа сонцето кое час се заплеткуваше во облаците, час подизлегуваше за да светне и да покаже дека е тука; ноќе пред за заспијат гледаа во ѕвездите, кои како што одминуваше ноќта, сѐ повеќе се намножуваа и стануваа поголеми и како да се спуштаа надолу; ја гледаа месечината која секоја ноќ се тенчеше и го изоструваше својот светол срп триејќи се од облаците; го слушаа секој шум на водата што во ноќната тишина јасно се разносуваше час потивок, чад посилен и по него дознаваа дали езерото ќе се вознемири или не.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Ама, не жалат блиските кога бараат подарок по Скопјето за внучињата од сестра, брат или братучед затоа што во подарувањето се предава и енергијата со која се трошеле парите за истиот, а кога некого љубиш како некој близок свој, навистина му посакуваш сѐ најдобро, па и не ти тежи самата свадба како на оние другите, кои молеле Бога да не бидат поканети и се пресметувале колку, всушност, ќе ги чини тој ден кога некој со кого не се виделе 100 години, ете, се сетил токму сега и на нив, па мораат да одат и да се отстрамат.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Го молиш Бога да заврне, да направиш пауза и да седнеш во „Посластичарница“, каде што првпат јадев кремпита, или во ресторан, каде предјадењата беа доволни да се најадеш без да поминеш на главното јадење, а чинеа колку ѓеврек.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Па, замисли, со бостанот во „загрљај“, го опчекоруваш спијачот и молиш Бога да не се разбуди,не дај Боже да налеташ на оној малиот, со пес поголем од него, што се пенави на нејаки жени.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Молиш бога само да не влезе ќумбето од 48–ми спрат, што лесно ќе го препознаеш по златниот ланец од 7 кила, маицата до глуждови, малата алкатраз капа, телото на Кинг–Конг и патиките број 54.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
– „Арно сторил тој што ти го зел клопчето, ќерко, ѝ рекла, оти од узур ќе ми везеш црна кошула, сосила ќе ми се правиш ти вдовица; Силјан ни е на аџилак со дуовникот, а пак ти сосила сакаш да умре и да не дојде; гревота е, а ќерко, ова ти што го правиш; моли Бога за Господ да ни го донесе, не туку плачеш и жалиш.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Но што вреди: во најмачните моменти кога војниците го решетаа училиштето со куршуми, жена ми го молеше бога за спас; го молеше да се смилостиви и да ни помогне; но ете што стори тој господ: ме остави и без неа и без детето, пуст и чемерен довек...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
На прозорецот удираше студениот северен ветер, а над Јонија лееше еден од тешките зимски дождови.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Го молеше Бога да му даде сила да го издржи искушението и да му даде сила Давидова, мудрост како на Соломон и поддршка како на Мојсеј да го спаси народот од смртната несреќа што му се доближуваше како огромна луња најавена на хоризонтот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
и што бех се молила со слзи и со страх, или четење или поење црковно со срце бех слушала, или тимиам и свешти или друго нешто бех принела у црков, или зејтин у кандила сипала, и што бех целивала свјатија икони со страх Божиј, и што бех постила среда и петок и другии свјатии пости, и што бех метании чинила, и колку ноќи бех се молила Богу и воздихнала и проплакала за греховите мои,
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
- Колете, велам, заколете ме! И јас молам бога побргу да си појдам кај децата, велам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Луѓето затворени по куќите ги колнат и го молат бога да ги стиша, да ги спотера некаде.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Немајќи каде да бегаат, луѓето ги молеле боговите да запре ерупцијата.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)