Да можеше барем сево ова одеднаш да помине во сон!
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
А красни беа: врата, прозорци, покрив и место да можат барем седуммина да се спикаат внатре.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ама, другар, сте претерале со придавките - сите ви се во трет степен, на латински речено, во суперлатив, сте можеле барем да ги спуштите на првиот степен.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
А качувањето на Орелска Чука, тој доскоро неосвоен врв, беше единствениот подвиг што можеше барем донекаде да го смири...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Можевме барем нешто да спасиме ако ги покриевме бавчите, да имаше барем некаков знак.“
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Гледајќи што не е „разговорот“ можеме барем да добиеме некои идеи за тоа што значи зборот и како да го употребиме.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Таа е некој вид размена или интеракција.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Не знаев што да му одговорам. Молчев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Зошто замина од дома?,“ праша. Не знаев што да му одговорам. „Можеше барем да кажеш каде одиш…“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Друго: дали тие два изворни геста можат барем естетички да се “интегрираат”?
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Прво: на кој начин на маниристите им се укажува апсолутното доколку е божество и дали овој таинствен хиероглиф, кога во маниризмот настапува “деформиран” или “конструиран” или дури “апстрактен”, во некоја изворна смисла е религиски легитимен или не е?
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Или пак, ако мораа и да заноќат, тогаш тука во неговата близина, сега ќе постоеше некој друг, кому би можел да му речеш нешто секој миг; кому, ако ништо друго, би можел барем да му помогнеш, а тој, ако не со збор, тогаш барем со некое движење, со некое одмавнување, би можел да ти одговори, или барем да ти даде знак дека те чул.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Иако не постоеше никаков поим за време, сепак еднаш кога времето можеше барем малку да се насети, тој беше сигурен дека сето тоа морало да трае многу долго.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ако е мртов, да може барем, за душа да раздава.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Го стави дневникот во фиоката. Беше сосем бескорисно да помислува да го скрие, но може барем да знае дали неговото постоење е откриено или не.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Таму беговите Јунус и Рифат не повелаа, та старецот можеше барем слободно да дише, ако немаше што да јаде.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Би можеле барем уште оваа ноќ овде да преноќевате.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Но да се вратиме на основното: за да може барем правно да ни се одврзани рацете да можеме да работиме, јас барам да ни се даде прецизно толкување на Протоколот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Бараше помош и разбирање, а недоразбирањата, (ако можеа барем во мојот случај, да се наречат недооразбирања неоснованите обвинувања при испитувањето) всушност повеќе беа резултат на лошиот приод на иследникот одошто на мојата неспремност да соработувам.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Тој настојуваше да го прогласи за несомнен факт она за кое веруваше дека можело да се случи, а јас тврдоглаво се држев до вистината на веќе слученото.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Но постои ли начин или приказна што ќе може барем привремено да го одложи расчеречувањето на мојата земја и тоа помеѓу олку настрвени мајки, запенуваше одвреме навреме Раде Ич, и тоа секогаш во присуство на капетанот Трајан Крстиќ, кој веќе неколку дена го врбуваше за доброволец во неговата чета на 23от Пешачки полк, што требаше токму тие денови да замине на фронтот на Кајмакчалан.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Овој дожд не е од вија времиња
сите дождови идат од далеку
но овој е од потаму
си думам и никако да најдам стреа
да го заштитам она што можам
барем она што го немам.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
„Нешто не е в ред?” запраша госпоѓа Морис. „Сврдле заринкал. На половина пат. Кога би можеле барем да го провлечеме, би било лесно. По него би можеле да излезат и останатите.“ 56
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
„Не мораше да го прифатиш она што Родна го кажува, па дури и она што го мисли“, му реков, „но можеше барем да потпомогнеш да се посипат нечистотиите со пепел“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Заборавот нека те однесе некаде далеку за да можам барем спокојно и достоинствено да го проживеам тоа што ми остана без срце и душа, зошто се ти припаѓа тебе засекогаш.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Зар сѐ уште имам снага да сакам, како кербер го чуваш моето срце, сѐ ми зема и тоа што ми го даде, едно лето и две зими.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
СУЛТАНА: Да родев камен, ќе можев барем да седнам на него.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Се чини, типчето веднаш сфати во што е поентата, се разбира дека имав мобилен и штосот со фиксниот значеше дека ако е фаца од естрадата може барем да биде џентлмен и пред да ми го побара бројот, барем да ме праша како се викам.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)