може (гл.) - јасно (прил.)

Не можев јасно да утврдам дали Татко, намерно или случајно, се оддалечуваше од приговорот што му го бев напишал.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во секој момент од животот на кој можеше јасно да се сети, никогаш немал доволно за јадење, никогаш немал чорапи или долни алишта што не беа полни со дупки, мебелот секогаш беше исчукан и расклатен, собите недоволно загреани, подземната железница претрупана, куќите се распаѓаа, лебот имаше темна боја, чајот беше реткост, кафето имаше вкус на помија, цигарите ги немаше доволно - ништо не беше ефтино и го немаше во доволни количества освен синтетичкиот џин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повторливите економски кризи од минатото беа сосем непотребни и сега не им се дозволува да се случуваат, но затоа други и исто толку големи пореметувања можат, и се случуваат, без секаква политичка последица, затоа што не постои начин на кој незадоволството би можело јасно да се изрази.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сега очигледно Климент Камилски минуваше во иницијатива и Татко не можеше јасно да утврди за која теза се залагаше Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не можеше јасно да се сети.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Од јасните и не толку вешто прикривани алузии на Х.Х., можеше јасно да се насети и разграничи што беше плод на неговата изворна интелигенција, а што дел на постојаните инструкции од семоќната Централа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Од македонска страна, пак, тој можеше јасно да им порача на сите тие дипломати што со денови се среќаваа со него дека во моментот не гледа некоја партија што сериозно се ангажира во афирмацијата на мировниот процес, ниту меѓу албанските партии, ниту меѓу македонските, освен, се разбира, неговата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Уште малку до половината, и неговите распалени мечти можеа јасно да го замислат нејзиното сладосно мрморење како на мачка, нејзиното предење.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Нешто има што не е во ред во него или околу него, тоа не може јасно да го разбере.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Иако ништо не можеше јасно да види, длабоко чувствуваше дека не е сам.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Двосмисленоста се јавува кога две различни функции не можат јасно да се разграничат, или кога објектот изгледа како да е нешто друго, а не она што вистински е.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Кога погледите ни се избистрија и можеше јасно да се види што се случува на плоштадот, некој од нас извика: – Кози, илјадници кози и луѓе на плоштадот!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога наближија толку многу да можат јасно да се видат, Горјан искомандува: - Оган!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Татко и Цветан Горски, секој од свои позиции, знаења и претпоставки, беа внесени во епскиот тек на Игоровата мисла, но никој не можеше јасно да одреди каде таа ќе запре.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)