може (гл.) - толку (прил.)

Зар може толку да трае среќата на Балканот?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Само такви можеа толку да се зближат и да го одржат толку отворено и актуелно козјото прашање, да ги зближат толку силно овие различни луѓе на Балканот, во што не успеваа верите и идеологиите на сите изминати империи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Само една агрикултура par excellence можеше толку високо да го постави симболот на сонцето, за да управува со севкупниот нејзин “ботанички раст”.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Пред се тие не можеле толку лесно да се откажат од монархистичката традиција.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Не можеше толку да контролираат колку што серачите можеа да исерат.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
За еден ден поминат в планина, размислуваше Бојан, за една недела, за едно лето можеше толку многу да се доживее, толку многу да се почувствува, а камо ли, пак, за седумдесет и повеќе години.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А знаеше дека мора сега, веднаш да го исчисти, зашто како што врне, до пладне може толку да го натрупа, што чистењето да стане невозможно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Хм, си присторе. Како можев толку години да не знам дека сѐ е толку едноставно и јасно.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тој, пак, султанот, Мурад I Ходавендекер, во склад со својот лукав и сомничав ум, искажа милост: сомневајќи се дека некој друг ќе може толку успешно да управува со Имотот колку довчерашните стопани, и сомневајќи се дека ќе може некого друг, некој Турчин на пример, да го ограбува колку нив, на Акиноските им го остави Имотот, а заедно со него и титулата и господството над целата Потковица.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со што сум можел толку силно да ѝ се замерам на родната татковина, на овие нејзини верни чувари, задолжени да ги контролираат душите на своите некогаш пребегани сонародници, некогашни емигранти.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Пребарував и натаму во мислите, но никако да откријам со што сум можел толку да му се замерам на овдешниот режим па сега тој ми ги покажува своите грозни заби?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
-Јас не ќе можев толку лесно да одлучам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Ниту еден момент не одлучував; јас бев замината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можеби сонувал свои соништа и можеби се чудел како можат толку, до болка, да го стоплуваат секаквите партали во кои како од раѓање да бил заплеткан.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби и почувствувал дека го покрива топлина, пијан - не се разбудил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но, рожбата на онаа набиена темничина, која знаеше и толку да уплаши за веќе да не постои никаков завет, зад кој би можело подлабоко да се засолне, тоа животинче, што сега ќе беше уште една жртва на сета расплисната и ненаситна глад, што се клештеше со своите завивања по сета снежна пустелија надвор, ако не беше неговата врата, тој долгоушко, со своите кревки, растреперени високи ножиња, не можеше толку бргу да го заборави оној, што беше останал да крчи од другата страна на вратата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Само големите мајстори на пишувањето можат толку многу да кажат во толку малку текст!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Господе, како можеше толку наеднаш да оветви Јон во лицето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Леле мајко, велам, како можеше толку да е против мене господ?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама кај можеш толку булуци да претераш, да скриеш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сега веќе не може толку да носи, да крепи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Чудно ми е како тоа две години од мене постаро момче може толку да се лути заради овој невин прекар.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Колку да им беше непријатно и на нашите учители и на нашите воспитувачи, колку да беа смели луѓе, во духот на времето, прекалени, храбри луѓе, самопрегорни, не можеа толку лесно и на крај да излезат со вошките.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Што можело толку многу да го изулави?
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кејтеновата тајна секој ден сѐ повеќе ја распалуваше љубопитноста на мојата млада и неопитна душа, што можело толку многу да го излуди?
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Го гледаше како со бавни чекори се оддалечуваше преполн со необјаснива тага и меланхолија која му ја предизвикуваа зборовите во чие значење проникна толку длабоко и од кое не можеше толку лесно да се ослободи и покрај тоа што тие се однесува повеќе на минатото.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За разлика од периодот пред операцијата кога одеше пешки на работа, сега не можеше толку да издржиш, немаше енергија за 20 минути пешачење до твоето работно место, па одеше со автомобил.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Јас не можам толку теми за муабет да измислам колку што тој има теми да изрежира.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Не можела толку долго да ја остави куќата празна. Можел некој да дојде.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Напомена на авторот Препрочитувајќи го во далечната 2005 година романот Неподобниот пишуван негде во деведесетите години на минатиот век почувствував незадоволство од некои од решенијата во него.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зар можело толку соништата да лажат?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Само мајките можат толку упорно да пребаруваат, да се сомневаат во сѐ, да поверуваат во сѐ. Само ние.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа е поради онаа сенка од синот што паѓа на нас и нѐ засенува.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не знам, не можеш толку да се покажеш да видиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зар можеше толку да се излеснам?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Несомнено дека Британците не можеле толку лесно да се ослободат од идејата за ангажирање на Македонците за свои цели.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Секој што можел на некој нечин да организира отпор против Германците им бил неопходно потребен.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
- Не можат толку брзо да се вратат.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Почнувам да се загрижувам – гладно рече и отиде да си вари кафе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ама, да не криеш ти нешто од мене? – ме праша таа, погледнувајќи ме испитувачки. – Каде би можел толку долго да се задржи, и тоа гладен!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)