може (гл.) - соодветно (прил.)

Попрво, кога едно „правило” се сместува во нивните процесори, тие се трансформираат во една состојба во која промените коишто можат соодветно да се интерпретираат како последица на правилото се предизвикани да се случат.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ова би бил најисплатлив бизнис во денешно време со оглед на двомилионските ментални мазохисти кои не можат соодветно да си го наплатат секојдневното ебавање у здравиот или полуздрав мозок.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Му се чинеше и дека нема фронт, барем не онаков каков што тој си замислуваше дека треба да има (оти единствен репер му беа книгите на Ремарк), па дури и вестите за загинатите ги примаше со некоја голема скепса, како дел од фиктивното сценарио кое требаше да го сфатат сериозно за да можат соодветно да глумат во него.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога таа ноќ ги испратија во извидница, додека еден зад друг чекореа низ шумата, му се чинеше дека студи толку многу што прстите и преку ракавиците му се залепиле за студената цевка на пушката.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)