може (гл.) - повторно (прил.)

Би можел повторно да ги стави, а на жената и девојчето да им објасни дека е сѐ настанато само поради една случајност - цртежите не биле добро прицврстени, па тој поручеква ги симнал, но утре пак ќе ги изложи, и на подобро место, дека го заслужуваат тоа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Би можеле повторно да отидеме на она место во шумата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој можеше слободно да се врати, а и францускиот командант Мортје во Поградец прашувал за него, препорачувајќи им на Татковите родители слободно да се врати од Цариград, му била утврдена невиноста, а и ќе може повторно да работи во Командата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се растревожил, па наместо да го засили гласот, ја променил станицата и потоа не можел повторно да ја најде.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тие прашања ги поврзуваат префери­раните правци на развој од сегашноста со оние од минатото; тие ја охрабруваат индивидуата да го идентификува развојот на посебните излези сместувајќи ги во одделни секвенци од настани кои се одвиваат со текот на времето.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Честопати тие прашања им помагаат на индивидуите да го скицираат развојот на алтернативните нивоа на акција до степен до кој тие можат повторно да станат достапни и да им претходат на нивоата на активност од претходните доминантни и “заситени-со- проблеми” нарации коишто индивидуите ги имаат за своите животи.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кога можеше повторно да гледа, го виде добродушниот крчмар зад шанкот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Реконструкцијата не смее да се врши на начин со кој се навредува јавниот ред и морал или се доведува во опасност животот или 206 здравјето на луѓето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
При реконструкцијата по потреба можат повторно да се изведат одделни докази (чл. 234, ЗКП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога ќе можам повторно да те видам?
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Стравот дека вакво нешто би можело повторно да се случи ме натера да сфатам дека повеќе никогаш нема да можам да уживам во друштвото на оние кои имаат необичен поглед.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
— Јас сум, вели, умрен и не може повторно да умирам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
в) до одредени промени дојде и во областа на назначувањето на работници, каде се утврди временска рамка, која не смее да надминува три години за период од пет години, во која странските работници можат повторно да се назначат да работат во РМ, по привремен престанок на работата, наметнат од важноста на претходно издадената работна дозвола (чл. 3 од ЗИДЗВРС/март.10).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
СТЕВО: Кога ќе можам повторно да ве видам?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
9 Јавни работи Во врска со ангажирањето на невработените лица при изведувањето на јавни работи погоре веќе беше спомнато дека одбивањето работно ангажирање за вршење на јавни работи доведува до престанок на водењето евиденција за дотичното невработеното лице и негово бришење од евиденцијата на невработените лица, при што тоа може повторно да се пријави во Агенцијата за вработување по истекот на една година (чл. 9 и 10, ЗИДЗВОСН/04).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
- Што си ѝ направила? - ми свика таа, како да не гледаше дека сум целата изгризана и изгребана.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Порано и ме бакнуваше - но вака, кога ми се спиеше, можеби мислеше дека ми прави услуга со тоа што е ефикасен за побрзо да можам повторно да заспијам, иако по неговото дишење препознавав дека тој секогаш заспиваше пред мене.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Една слаба рака со машки влакненца и широка бакарна алка се проби низ толпата околу масата и ѝ понуди запалка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сомневањето дека Марија може повторно да го остави, кај Сатурн се појави за Велигден во Кадакуес, каде што Роза Регас ги покани на заедничко едрење.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Хернандо стоеше и чекаше дождот да преврне за да може повторно да тргне со дрвеното рало низ нивата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)