може (гл.) - побргу (прил.)

- Извинете, не можам побргу.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ти, на пример, што си по професија? - Инженер. - Гледаш. А принуден си да возиш такси.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Треба да го стори тоа што се може побргу.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Чекореше колку што можеше побргу, притаен, кон тоа црно стебло, мислејќи дека ќе биде неминовно да го има пред себе токму него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Завршувањето на војната луѓето го прославија шеметно: ја собраа сета комина што ја имаа по бочвите и каците и ја турија во селските казани да се вари; црпеа луѓето со чашки, со канчиња, заграбуваа со грсти уште од првата протока и пиеја; пиеја како да се натпреваруваа кој може повеќе да испие, кој може побргу да се опијани, збрлави; се бацуваа меѓу себе, се гушкаа, се миреа скарани, си ги отпетлуваа кошулите на градите и си ги даваа срцата еден на друг; ги собираа шлемовите од војските расфрлани по бавчите, ги навираа на колови и ги гаѓаа или се мочаа во нив; трчаа по секое преживеано добиче да го колат; се правеа заеднички гозби на широкиот пат крај езерото; кој како ќе донесеше нешто за колење, така луѓето викаа: „Придај господе!“ и му го удираа ножот; кој немаше добиче, носеше кокошка или петел; петлите, пред да ги заколат ги испијануваа со ракија: нивното кукуригање беше највеселото нешто: се натпреваруваа кој од кој посилно ќе пее.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Пелагија туку ја погледнува прекорно, ама Чана како да не ја забележува, продолжува Коуку са може побргу да си оат при мајка и при татко чим си и палат!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Влегов внатре, каде што ме пречека лошата продавачка со синиот комбинезон.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Истрчав надолу по скалите колку што можев побргу, толку бргу што веќе не се плашев да скокам по две скали одеднаш, како што може брат ми.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Со полувкочанетите прсти ја тргавме облеката од себе, останувавме голи, само со виснатата кожа на нас, со спуштените гради и стомаци, со модрите вени што ни ги покриваа нозете, со искривените раце, со смрдливиот здив кој се мешаше со киселиот мирис на телата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Стигнавме до долга колона луѓе, кои чекореа колку што можеа побргу, колку што им дозволуваа торбите кои ги носеа со себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
По некои од нив трчаа нивните деца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Видов како сите старици се расоблекуваат, колку што можат побргу.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)