Се знаеше дека членовите на Партијата не треба да влегуваат во обични продавници „ што работат на слободниот пазар“, како што се велеше ), но правилото не беше строго почитувано, затоа што до различни работи, како што се врвките за чевли, или жилетите, не можеше никако поинаку да се дојде.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но беше потребна очајничка храброст за да се самоубиеш во еден свет во кој огненото оружје, или каков било брз и сигурен отров, не можеа никако да се набават.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Свиен, зграгорен, нем, Андон не можеше никако да се прибере и да сфати што станува со него сега.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Всушност, тие цело време се вртат во круг, како околу некоја кафкианска крепост, за да не можат никако да стасаат таму каде што наумиле...
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Стануваше мигум дел од големата ментална направа за измачување, насочена кон посочената жртва, во големиот жртвен процес кој беше зазел во земјата синдромски димензии и од кој не можеше никако да се ослободи.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
До пишувањето на оваа книга не можев никако да се ослободам од пораката на писателот Митруш Кутели (Димитр Паско) од родниот Поградец, тестаментот упатен до своите деца.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Отец Симеон се сврте кон него, не можејќи никако да го догледа целиот.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Човекот не можеше никако да се намести во своето лежиште и да не почувствува како тој зрак го сече преку лице или преку грло.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Сончко насетуваше дека токму во таа соба е Зорица, но не можеше никако да се пробие во неа.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Тоа случување не можеше никако инаку да си го објасни освен да го дефинира како кучешки посмртен ритуал за каков што дотогаш не ни чул, а камоли да го видел.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Не можев никако да го прежалам чичкото што ме држеше на колекото - војводата Гоце Делчев.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Таа чест ја имаше само уште отец Стефан, кога сочини нови букви, оти логотетот не можеше никако да ги научи постоечките и се жалеше дека се многу сложени.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тоа беше така и јас не можев никако да се утешам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Не помагаа споредби, разни примери, објаснувања, ништо!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Скокна од леглото и ги прибра сите предмети од својата собичка, со кои сега ја загради наоколу целата печка, така за неговиот гостин да не може никако да пристапи до неа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше тоа пак само едно просто продолжување по посоката на будењето, само едно растење на осветувањето во него и тој сега плачеше, увиснат и безволен за секакво друго движење, од тоа, што не можеше никако поинаку да го искаже она, што се случуваше со него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но, не можеше никако да се бркне во главата за да се дофати од таму и да се отстрани тоа, што го остави оној одамнешен снежен ден на гробиштата. Вистина. ...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Драмата настапи еднаш кога ги понесов клучевите со себе и повеќе не можев никако да ги најдам. Со денови. Вистинска драма! По некој ден ги најдовме во машината за перење како силно одѕвонуваат на металната центрифуга. Овој звук најпосле ме смири. Клучевите беа конечно пронајдени!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Јас не можев да го заборавам, или да го надминам, конфликтот. А тој не можеше никако да исчезне. ***
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
На крајот на првата година како студенти на медицина, ние традиционално ја посетивме Кралската ментална болница во Глазгов.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Ме болеа мускулите од тепањето на месото, а крвта под ноктите не можев никако да ја извадам.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Веднаш потоа како да се сети на нешто, па забодувајќи малку месо со виљушката се сврте накај мене.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Откако уште еднаш ја прегледаа скривницата и се уверија дека не се познава, Танејца посла да спијат, но не можеа никако да заспијат.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Еднаш во градот допатува од некаде циркус, а Симонче не можеше никако да дојде до пари.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Не можеле никако да ја извадат пијавицата, туку преку некои направи и огледала ја отруле.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)