Дури и кога би постоело легендарното Братство, што беше малку веројатно, беше незамисливо дека неговите членови би можеле некогаш да се состанат во поголем број отколку во двојки или во тројки.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ај, ако можеш некогаш јави се, затоа што јас не можам.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Знаеше дека сликата може некогаш и да избледи, но сетилото за мирис регистрира нешто што за навек останува врежано во церебралните виуги.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Јас не можам да ти напишам акт - се моли горниот наслов, како што не можев некогаш што и да било да ти напишам.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Не верувам дека би можел некогаш да доживеам такво нешто: ме зграбија десетина раце во мракот и ме фрлаа од еден во друг агол.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Зарем и прелагата можела да го има лицето на вистината?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Господи, сине, зар можело некогаш да се случи и тоа?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Претставникот на Централниот комитет, следен со бурен аплауз од присутните, се доближи до микрофонот, го поднамести според својата висина и започна: - Другари, ние чекориме во комунизмот, многу побрзо отколку што можеа некогаш тоа да го предвидат и нашите највидовити стратези.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)