може (гл.) - некако (прил.)

Да, ова би можело некако и да се прифати, ама ако било кажано во малку подзавиткана форма.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Оваа положба Толе ја наѕре и го викна, ете, Андона и стрика си Кулета, ако можат некако да ја изменат!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но проловите, само да можеа некако да станат свесни за својата сила, не би имале потреба да се кријат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Никаква можна комисија не би го одобрила таквиот брак, дури и ако Кетрин, првата жена на Винстон, можеше некако да биде тргната од патот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Доказот беше доволен за да ја разбие Партијата во атоми, само ако можеше некако да му биде соопштен на светот и ако беше објавено неговото значење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сепак можеше некако да ми се јави.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Да можеше некако времето да го врати назад се ќе беше исто.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Така можела некако да го напушти мотелот и незабележано да се довлечка до Хондата, а тој со голфот ноќта ја донесе кај мене.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сето тоа треба да се прима со задршка, за да можеме некако да ја исцедиме вистината.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Целата прикаска за тоа што стана и како стана дури после се разбра за да можам некако да ја сложам.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
За да можеш некако да функционираш мораше на секои 20 дена да земаш инфузии - албумин и плазми.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Барем можам некако да се окарактеризирам, и покрај сета моја нестабилност.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тито ги батали задругите, почна да се зборува за економски реформи, за слободен пазар, се пушти приватниот сектор да подприкрене глава, дојдоа нови луѓе, помлади, кои беа исто толку ако не и полоши комунисти, ама беа донесени на власт да не можат некако тие да го прочистат заднатиот социјалистичкиот оџак за подобро да трга.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога би можеле некако да запрат деновите, да се сторат векови. Но пустите денови сега излегуваат како ластовици.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Само кога би можел некако да им јави дома да не се грижат, да им јави дека сѐ ќе издржи, сѐ ќе поднесе, а тие да си седат спокојно дома и да си ја гледаат работата, полесно ќе му беше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
САВЕТКА: Ако можеме некако со арно да го фатиме добро, ако не, богами, и ќе го земеш!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Барем да можев некако да се изгубам од тој задушен казан во кој се варат луѓето, нивните страсти, маки и пакости.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Можеби тоа и била целата цел на идентификацијата со Џуди Гарланд: таа не беше геј-маж, но во извесни погледи можеше некако да ја изрази геј-желбата, да изрази што тоа сакаат геј-мажите, и тоа подобро од кој било геј-маж.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Трајче почна да размислува: „Кога би можел некако да избегам? Ама како? Стражарот да заспие... Но вратата е заклучена, прозорчето високо...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Со мака таа можеше некако да се провре меѓу железните прачки од прозорчето.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Како ја мина границата Гури Порадеци, во времето на неговото заминување, можеше некако да се замисли, но подоцна ни тоа не беше можно.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Јас лично, можев некако да ја оправдам агресијата доколку okno.mk 65 таа носеше во себе висока одговорност, но, во случајот, сигурен сум, агресијата беше сосема неодговорна и што е уште пострашно, верував дека е предизвикана од крајно користољубиви цели.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)