може (гл.) - експлицитен (прил.)

Иако класичниот бродвејски мјузикл од 1940-тите и од 1950-тите строго го протерувал од својата сцена секого и сѐ што би можело експлицитно да се прибележи како хомосексуално во умовите на неговото гледалиште, „сега може да изгледа дека дало далеку побогат приказ на [геј-] желбата“ отколку што би можело да даде кое било експлицитно претставување на таа желба на денешната бродвејска сцена. (132) Проблемот, или парадоксот, е што геј-идентитетот „на кој сме му ги довериле сопствените политика, етика и сексуални животи... е во суштински редуктивен однос со желбата врз која е заснован“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Највидните примери на машкото геј-културно производство пред ерата на геј-ослободувањето лежат некаде помеѓу.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-писателите, уметниците, изведувачите и музичарите веќе подолго од еден век создаваат оригинална култура, иако многумина од нив морале да дејствуваат под покровот на хетеросексуалните теми, а само неколкумина, како Волт Витман, Андре Жид, Томас Ман, Марсел Пруст, Редклиф Хал, Жан Жене и Џејмс Болдвин, можеле експлицитно да се зафаќаат со геј-теми.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Разликата меѓу овие две верзии на машката геј-култура може да се сфати во смисла на поширока разграниченост (иако, одново ќе кажам, нехерметичка) помеѓу културата и поткултурата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Второво во негеј- светот наоѓа претстави што може да се претворат во изрази на машкиот геј- субјективитет или чувство – со малку дотерување, ако мора – и кои им овозможуваат на геј- мажите имагинативно место за влез во некаква настрана утопија, некаде отаде виножитото, која не е сосема нивна творба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Меѓутоа, треба да се разграничи меѓу оној вид геј-култура што се состои од нови дела од (во случајов) геј-мажи што за првпат во историјата непосредно, отворено и експлицитно се осврнуваат на машкото геј-искуство како што се живее, односно како што може да се живее (или можеби се одживеало), од една страна, и оној вид геј-култура што паразитира врз главнотековната култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)