може (гл.) - мој (прид.)

Потоа, секој ден зборуваа за мене како за некое чудо.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас би можел моето да го измерам според бројот на килимите што ги има исткаено мојата пријателка Миру и според големината на празнината што зад неа остана откако таа замина.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Всушност, јас прецизно пресметував како можеше мојата пушка да пука, можеше да измрда само околу пет сантиметри, а кога требаше да ја погодам целта, ја држев под метата, не одеше ни лево ни десно. Секогаш сум погодувала.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Драга Бреза, веројатно мајка ти ти раскажувала за нашето верување во реинкарнацијата и за животот по смртта.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ниту, пак можат моите мисли да ја ублажат твојата тврдоглавост.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)