Но, како можев такво нешто да ѝ кажам?
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Зарем не можело такво нешто да се претпостави? се прашуваше тетка Боса.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Никој друг не можеше такво нешто да измисли, да рече.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Јас му објаснив што е и дека не може таква повреда да се преврзе.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Како може таков директор на Охридско лето да продава мед? - И тоа ливадски, од охридски плажи.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Божем можело таквата тежина да се поднесе само со стегнување на усните, или пак да се совлада на тој начин што ќе се однесат на реката еден рид черги, па сиот бес ќе се истури преку пиралката.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ако сакате да ја зголемите Земјата трипати, со џиновска кристална јама во средината, во неа да ставите огромен пулсирачки козји меур, а на него пак мали гратчиња, поврзани со златни пруги, по коишто со возови би се возеле мали хармоникаши - би можеле таков свет навистина и да направите!
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)